Ричард Гир го привлече вниманието на медиумите со нова љубовна врска. 65-годишниот актер беше фотографиран со новата девојка. Станува збор за 32-годишната Алехандра Силва.
Парот беше „уловен“ од папараците на плажа во Таормина, Сицилија и на јахта покрај Ачи Треѕа.






Холивудската ѕвезда и Силва биле во врска околу една година. Според изјави на блиски на парот, Алехандра живеела на релација Менхетен-Мадрид.













Гир беше во посета на Сицилија по повод Филмскиот фестивал во Таормина.



