Кристи Бринкли ја покажа својата безвременска убавина и младоликост на моден настан во Њујорк, организиран од Target и IMG.
62-годишниот поранешен супермодел ја истакна својата привлечна фигура со црвена креација од Викторија Бекам. Својот изглед, Кристи го надополни со чанта од Џими Чу и силен црвен кармин.









Не може, а да не се спомене дека Кристи изгледа децении помладо.
Неодамна, славната убавица пушти во продажба книга со тајните за својот изглед со наслов „Timeless Beauty“ или „Безвременска убавина“.


