Американскиот филмски институт ја додели 46-тата награда за Животно дело, која замина во рацете на Џорџ Клуни. На галата организирана во негова чест, беа присутни роднини и пријатели на славниот актер, меѓу кои и Синди Крафорд и Ренди Гербер.
На црвениот тепих во Холивуд, 52-годишниот супермодел шармираше во бела креација од Стела Мекартни додека позираше со 56-годишниот бизнисмен. Парот долги години се дружи и соработува со семејството Клуни.
Ренди и Синди имаат две деца, 18-годишниот Пресли и 16-годишната Каја. Тие стапија во брак на 29 мај 1998 година. Претходно, Крафорд четири години беше во брак со актерот Ричард Гир.