За помалку од два месеца Том Круз ќе наполни 50 години. Но, фотографиите од неговата најнова фотосесија се уште еден доказ дека годините за Круз се само обична бројка.
49-годишниот актер се разголи за списанието „W“ за да ги покаже своите тонирани стомачни мускули. Лажните тетоважи, долгата коса, шминката и кожната облека му помогнаа да се претвори во вистински рокер. А кога кон изгледот ќе ги додадеме и разголените манекенки и алкохолот кој се гледа на фотографиите, со сигурност може да се каже дека Том одлично го интерпретира распуштениот рокерски живот.
Стилот на фотографиите не е случајност. Том во моментов го промовира новиот филм „Rock of Ages“, мјузикл во кој славниот актер го глуми рокерот Стејси Џекс.
Во последно време многумина се прашуваат како Том го одржува својот младешки изглед, а има и такви кои се убедени дека времето застанало за Том благодарение на пластичните операции. Но, во интервју за најновото издание на „Playboy“, Круз истакна дека никогаш не си направил пластична операција и дека нема намера да го стори тоа.
Погледнете го трејлерот за „Rock of Ages“: