Хали Бери се приближува до 48-миот роденден, но нејзиниот изглед не ја издава нејзината возраст. Шармантната актерка присуствуваше на манифестацијата Huading Film Awards во Лос Анџелес, а нејзината појава поттикна само комплименти.
За манифестацијата по повод доделувањето на кинеските филмски награди, која за првпат се одржа во САД, Бери избра елегантна креација со висок шлиц од Ели Сааб.
Креацијата е од првата колекција висока мода на либанскиот дизајнер, односно од колекцијата пролет 2003 година.
Бери, која во октомври минатата година го роди своето второ дете, ја прими наградата Глобална икона. „Никој не е подготвен да прими награда за глобална икона“ – рекла таа пред публиката.
На свеченоста, „Fast and Furious 6“ со Вин Дизел и починатиот Пол Вокер беше прогласен за Најдобар глобален филм на годината, додека Орландо Блум ја прими наградата Глобална филмска ѕвезда.
Победниците биле избрани по анализа на гласовите на над 80 милиони кинески филмски обожаватели.