Ема Стоун денес ќе го прослави својот 27. роденден. Популарната актерка ја започна својата кариера како дел од повеќе телевизиски серии, а првата поголема филмска улога ја доби во 2007 година во филмот „Superbad“.
Стоун е позната по филмови како „Easy A“, „Crazy, Stupid, Love“, „Magic in the Moonlight“ и овогодишниот добитник на оскар за најдобар филм „Birdman“.
За холивудските свечености, Ема често избира колоритни креации, но од нејзиниот стилски избор не изостанува и црната боја.
По повод роденденот на Стоун, потсетете се на 27 од нејзините најдобри стилски изданија.








