Ема Стоун се врати под светлото на медиумските рефлектори само два месеци по породувањето.
32-годишната актерка присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Cruella“ во Холивуд.
На црвениот тепих, Стоун зачекори во црн костум од Луј Витон и бела кошула. Таа додаде црвена боја во својот изглед со помош на кармин и чантичка од Луј Витон.








Ема се породи во март оваа година.


Во дизниевиот филм, Ема ја има главната улога на Круела де Вил, која сите ја знаеме како злобничката од „101 далматинец“.