Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Финансискиот кошмар на Николас Кејџ продолжува

Финансискиот кошмар на Николас Кејџ продолжува

Николас Кејџ

Финансиските проблеми на Николас Кејџ постојано растат. Овој пат, Кристина Фулер, мајката на најстарото дете на Кејџ, го тужи популарниот актер за измама.

Таа го обвинува дека ја вмешал во „неговата пајажина на лошо финансиско менаџирање“ и дека поради тоа, таа има долг од 1,2 милиони долари. Во нејзината тужба се наведува дека поради Кејџ претрпела вкупна штета во износ од 13 милиони долари.

Адвокатот на Николас Кејџ за списанието People изјави дека оваа тужба е смешна и апсурдна.

„Кејџ секоја година ѝ даваше по 3 милиони долари, иако беше задолжен само за 6 000 месечна алиментација. Очекуваме тужбата набрзо да биде отфрлена.“ – изјавил адвокатот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.