Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Успеа! Никола Роквиќ пешки стигна во Егина, за 31 ден собра 31 милион динари за детска онкологија

Успеа! Никола Роквиќ пешки стигна во Егина, за 31 ден собра 31 милион динари за детска онкологија

По долги 1.060 километри пешачење и повеќе од 30 дена исполнети со патешествија, но и огромна радост, хуманост и поддршка, Никола Роквиќ пристигна до својата цел.

38-годишниот српски пејач синоќа пристигна на островот Егина, каде се поклони на моштите на Свети Нектариј Егински и се обедини со сопругата и трите деца. Тој го носеше српското знаме на грбот и со боси нозе влезе во манастирот.

Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ

„Кога би ме прашале што е она што ми даваше сила да успеам на овој пат, тоа е што својот живот му го дадов на Бог овој пат. Реков: ‘Господе, како и да биде, јас одам ти знаеш најдобро’. Мислев дека ќе биде многу потешко. Мене со божја помош сето ова ми беше лесно“ – рекол Никола.

На својот пат од Белград до Егина, хуманиот Србин собра 31 милион динари кои ќе ги донира за детска онкологија. Голем број од српските славни личности донираа за да му помогнат да си ја исполни мисијата.

Во изминатите месец дена, Никола стана инспирација и поим за хуманост на Балканот. Илјадници луѓе го следеа секој негов чекор и редеа само пофални зборови на неговиот профил.

Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ

Пред да замине од дома, Никола и неговата сопруга Бојана ја основаа Фондацијата „Семејство“, која се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како светост. Фондацијата ќе им помага на многудетни семејства, како и на загрозени, талентирани и болни деца.

Никола Роквиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.