Љубителите на мјузиклот „Чикаго“ може да се подготват за уште едно музичко доживување на филмското платно од режисерот Роб Маршал – мјузиклот „Nine“.
Прекрасната екипа, составена од Никол Кидман, Кејт Хадсон, Ферги, Пенелопе Круз, Марион Котијар и Софија Лорен, може да им го привлече вниманието дури и на оние кои не се обожаватели на мјузикли.
„Nine“ е провокативен мјузикл, кој го следи животот на познатиот филмски режисер Гуидо Контини (Даниел Деј-Луис). Контини доживува криза во својот личен и професионален живот и влегува во драматични односи со своите жена, љубовница, муза, агент и мајка.
„Nine“ ќе се најде во кината во Лос Анџелес и Њујорк на 18 декември, а интернационално ќе започне да се прикажува од 25 декември.