Борис Бекер по третпат стапи во брак.
56-годишниот поранешен тенисер се ожени со 22 години помладата Лилијан де Карваљо Монтеира во Портофино, Италија. 34-годишната невеста носеше раскошна венчаница дизајнирана од нејзината најдобра пријателка, којашто е и модна креаторка, Андреа Равиели.
За овој важен ден, Борис избра костум со црни панталони и беж сако.
Фотографиите ги овјави германскиот „Вог“.
Лилијан врши анализи на политичките ризици, има три факултетски дипломи и зборува пет јазици. Таа е родена во островската држава Саун Томе и Принсип, а е ќерка на поранешниот министер за одбрана таму.
Борис и Лилијан се запознаа во 2019 година, а се верија во 2022 година.