Тони Михајловски и неговата сопруга Александра прославија 13 години брачен живот.
За оваа годишнина, македонскиот актер и водител и неговата партнерка објавија семејни фотографии, склопени во компилација за Instagram.
Погледнете стари и нови фотографии, на кои се појавува и нивниот син Максим:
„Живи, здрави и среќни... среќна годишница Михајловски“ – ваква честитка му испрати Никола Перевски-Пере во коментар, каде продолжија да се редат уште многу честитки.