Синчето на Тамара Тодевска и Александар Димитровски-Мачка наполни 6 години.
Македонската пејачка го одбележа овој специјален ден објавувајќи слатки фотографии и пораки за малото момче.
„Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља. Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“ - стои на фотографиите.
И Лука Радовиќ, кој е во врска со Тамара, сподели две фотографии со Дарен за да му го честита роденденот.