Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти мора да бидеш подобра од мене“: Ријана со моќен совет за 7-годишно девојче кое ѝ рече дека сака да биде „следната Ријана“

„Ти мора да бидеш подобра од мене“: Ријана со моќен совет за 7-годишно девојче кое ѝ рече дека сака да биде „следната Ријана“

Ријана дизајнираше нов модел на патики во соработка со Puma и тој доаѓа во детски големини.

36-годишната пејачка одржа прес-конференција за да ги презентира патиките The Fenty x Puma Avanti, инспирирани од фудбалот. Ријана, која е мајка на две мали момчиња, го замени традиционалниот прес за новинари, со прес за деца и примаше прашања само од најмалите.

Ријана Ријана

Меѓу нив беше и 7-годишната Франческа која имаше слатко интервју со Ријана. Неодоливото девојче ѝ рече: „Сакам да бидам следната Ријана“, а на тоа музичарката одговори: „О не, ти мораш да бидеш подобра од Ријана, девојко. Додека да пораснеш, јас ќе бидам винтиџ и антика“.

Потоа, Франческа ја праша Ријана дали има некој совет за неа, на што Ријана моќно ѝ одговори.

„Цели кон ѕвездите, не цели кон мене. Цели над мене. Ќе бидеш фантастична. Сакам вие дечки секогаш да бидете подобри, попаметни и да го промените светот.“

@enews This moment will always have our hearts. #Rihanna ♬ original sound - E! News

Франческа не пропушти да ја испраша Ријана за инспирацијата зад дизајнирањето детски патики.

„Бидејќи имам деца кои се помали од тебе во години и сакав да ги гледам во мојата облека, сакав да ги гледам и во моите обувки, во сè што носам. Уживам да ги гледам моделите во минијатурни големини и моите деца се многу малечки... сакав да ве гледам вас дечки во кул обувки. Сите деца“ – рече Ријана.

„Морав да одделам време за да ги редизајнирам и да создадам нешто што ние мајките ќе можеме да го ставиме на вас дечки без вие да се изнервирате“ – додала таа.

Ријана

Запрашана што сакала да биде на возраста на Франческа, Ријана одговори:

„Возрасна. Сè што сакав кога бев на твоја возраст беше да бидам возрасна, а сега сакам да сум дете. Затоа не дозволувај да те излажат. Да бидеш возрасна не е толку забавно колку што изгледа“.

Еве го целото интервју:

Ријана Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.