Перо Антиќ е горд на својот наследник. Македонскиот кошаркар сподели фотографии со најголемиот син Лука за да му го честита неговиот 17-ти роденден.
„Среќен роденден Лука. Тато те сака поради момчето коешто си, мажот кој ќе станеш и најдобриот син кој ќе бидеш секогаш“ – напиша Перо и преку хаштагови опиша колку е горд на својот принц.
„Те сака ќелавиот најмногу на свет“ – дополни Антиќ на Instagram Story.
![Антиќ](/images/articles/29348/01.jpg)
![Антиќ](/images/articles/29348/02.jpg)
![Антиќ](/images/articles/29348/03.jpg)
![Антиќ](/images/articles/29348/04.jpg)
![Антиќ](/images/articles/29348/05.jpg)
Лука ги следи стапките на својот славен татко и успешно се пробива во светот на кошарката.
![Антиќ](/images/articles/29348/06.jpg)
Лука, Павел и Петар се деца на Антиќ од бракот со Ружица Максимовска. Славниот спортист сега е во врска со Сања Ристиќ.
![Антиќ](/images/articles/29348/07.jpg)