Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Татко за пример: Двејн Џонсон им дозволи на ќеркичките да го нашминкаат, а резултатот ќе ве насмее

Татко за пример: Двејн Џонсон им дозволи на ќеркичките да го нашминкаат, а резултатот ќе ве насмее

Двејн Џонсон не крие дека ужива во улогата на татко на две ќеркички. Тој редовно поминува квалитетно време со своите малечки, па дури и ако тоа значи да биде нашминкан.

52-годишниот актер доби мејкап трансформација од 9-годината Џасмин и 6-годишната Тијана, а со својот пост го насмеа светот. Тој сподели дека се подготвувал да оди во теретана, кога ќерките го викнале за да го нашминкаат, па завршил во улога на модел кај двете девојчиња.

Во објавеното видео, половина од лицето на „The Rock“ е обоено со розова боја, а на очите има и залепени бисери.

Двејн Џонсон Двејн Џонсон Двејн Џонсон

„Започна со моите две торнада кои ме прашаа: ‘Тато, може да ставиме малку сенка за очи’ и јас им реков: ‘Да, но направете го тоа брзо и кул затоа што морам да одам во фитнес салата’.“

„Еј, знам дека нема да бидат засекогаш толку мали или дека ќе сакаат да се дружат со тато кога ќе бидат постари, но тие засекогаш ќе бидат моите малечки девојчиња и ќе го трпам ова малтретирање цел ден“ – напиша тој.

Двејн ги има двете ќерки со сопругата Лорен со која е во брак 15 години. Тој има уште една 23-годишна ќерка со поранешната сопруга Дени.

Двејн Џонсон Двејн Џонсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22242 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.