Тарик и Лејла Филиповиќ не го пропуштија отворањето на 25-тото издание на Филмскиот фестивал во Сараево.
47-годишниот актер и водител на емисијата „Кој сака да биде милионер?“ и 43-годишната поранешна Мис Хрватска со широки насмевки зачекорија на црвениот тепих.



Атрактивната Лејла шармираше во цветна креација од босанскиот бренд Kaftan Studio.


Славниот хрватски пар присуствуваше и на забава организирана во рамките на фестивалот. За оваа прилика, Лејла избра сина креација од дизајнерот Иван Алдук.






Лејла и Тарик годинава летуваа во Дубровник и на островот Локрум.
Тарик и Лејла стапија во брак во 2007 година, а по една година се роди синот Арман. Лејла има уште едно дете од претходен брак.