Тарик и Лејла Филиповиќ присуствуваа на свадбата на НБА ѕвездата Јусуф Нуркиќ и неговата избраничка Емина.
На прославата, која се одржа на тврдината Ловриенац во Дубровник, славниот пар пристигна во елегантно издание.
46-годишната поранешна Мис на Хрватска шармираше во сина креација со висок шлиц, додека 51-годишниот актер и водител на емисијата „Кој сака да биде милионер?“ избра кариран костум и бела кошула.






На забава организирана од младенците, која се одржа еден ден пред венчавката, Лејла носеше краток бел фустан.




