Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тамара Тодевска со двете деца, саканиот и татко си навиваше за Македонија на вчерашниот натпревар против Велс

Тамара Тодевска со двете деца, саканиот и татко си навиваше за Македонија на вчерашниот натпревар против Велс

Тамара Тодевска ја поддржа македонската фудбалска репрезентација на вчерашниот натпревар против Велс.

Во Националната арена „Тодор Проески“, 39-годишната пејачка беше во друштво на двете деца Хана и Дарен, момчето Лука и татко ѝ Велко. На Instagram, таа сподели фотографии од дружбата, како и видеа од позначајните моменти пред и за време на натпреварот – загревањето на песните на групата ДНК, едноминутниот молк во чест на жртвите во Кочани, громогласното навивање и голот.

Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска

На кобниот 16 март, Тамара им оддаде почит на нејзините колеги кои го загубија животот во пожарот.

Тамара Тодевска

Денеска нè напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе.
Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна... разочарана.

И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.

Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби... Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент... Ѓорѓи беше наш колега, чие време допрва доаѓаше...

Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупцијa. Нас ни нема спас.

Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани... до следната трагедија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24345 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.