По успешната ревија во Париз и бројните ангажмани околу неа, Викторија Бекам поминува квалитетно време со семејството.
50-годишната дизајнерка беше фотографирана за рака со сопругот Дејвид додека заедно со децата го напуштаа ресторанот „Dorian“ во Лондон. Славниот пар избра темни стајлинзи за семејното излегување со 25-годишниот Бруклин и неговата сопруга Никола, 22-годишниот Ромео и 13-годишната Харпер.
Никола си го криеше лицето со рацете додека поминуваше покрај насобраните фоторепортери.
Со семејството не беше Круз Бекам, кој на Париската модна недела ја официјализираше врската со бразилската пејачка Џеки Апостел.