Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Стив Мартин за првпат стана татко на 67 години

Стив Мартин за првпат стана татко на 67 години

Стив Мартин стана татко на 67-годишна возраст. Популарниот актер и комичар и неговата 41-годишна сопруга Ен Стрингфилд потврдија дека добија дете, но не открија повеќе детали.

Стив и Ен

New York Post објави дека Стив и Ен станале родители во декември минатата година, но успеале да ја зачуваат новоста во тајност.

„Тие добија дете и го зачуваа во тајност, никој не знае. Стив многу ја цени приватноста. Тие се превозбудени. Многу се трудеа да имаат бебе“ – изјавил анонимен извор за New York Post.

Среќниот пар отсекогаш вложувал многу напори да си ја зачува приватноста. Во 2007 година тие поканија 75 гости во нивната куќа и ги изненадија со венчавка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23323 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.