По повеќе од една недела шпекулации дека се во врска, Били Ајлиш и Џеси Радерфорд беа фотографирани додека си разменуваа нежности во Лос Анџелес.
20-годишната пејачка и 31-годишниот пејач од бендот The Neighbourhood прегрнати го напуштија ресторанот „La Mirch“, а потоа се бакнаа. На фотографиите, Били е среќна и насмеана покрај новото момче.
Били и Џеси поттикнаа гласини дека се заедно минатата недела кога беа видени како се држат за раце.