Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Спортист со големо срце: Филип Кузмановски го подари својот дрес на момче и девојче во Битола

Спортист со големо срце: Филип Кузмановски го подари својот дрес на момче и девојче во Битола

Филип Кузмановски уште еднаш докажа дека не е само врвен спортист, туку и личност која ја цени својата верна публика.

Македонскиот ракометар не остана рамнодушен на транспарентот на момче и девојче во публиката во Битола и им возврати за љубовта и поддршката со тоа што им го подари својот дрес.

На пораката пишуваше: „Филип Кузмановски многу те сакам, може ли дресот“. Без двоумење, успешниот Битолчанец им го подари својот дрес, симбол на неговиот труд и успех на теренот, што е највредниот знак на почит кој може да им го даде на оние кои го следат и го поддржуваат.

Филип Кузмановски со своите обожаватели

Дечињата несомнено со радост ќе се сеќаваат на овој момент целиот живот.

Филип Кузмановски со своите обожаватели Филип Кузмановски со своите обожаватели

За жал, Еурофарм Пелистер не успеа да извојува победа на натпреварот против ПСЖ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23546 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.