Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сопругата на Берлускони му бара 3,5 мил. евра месечно

Сопругата на Берлускони му бара 3,5 мил. евра месечно

Вероника Ларио и Силвио БерлускониВероника Ларио и Силвио Берлускони

Вероника Ларио, сопругата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, побарала годишна алиментација во висина од 43 милиони евра, што би значело 3,5 милиони месечно.

Берлускони веднаш го одбил тоа барање на Вероника и ѝ предложил алиментација од 200 000 евра месечно, сума која можела да порасне максимум до 300 000.

Но, колку и да добие, тоа не се единствените пари кои ќе ја лечат болката на Вероника по разводот. Извори блиски до премиерот изјавија дека Вероника веќе има добиено 60-70 милиони евра.

Ларио побара развод од италијанскиот премиер уште во мај, по скандалозните откритија за сексуалниот живот на својот сопруг. Сите се сеќаваме на сликите на кои 73-годишниот премиер лудо се забавува со неколку млади девојки.

Берлускони со своето богатство од 6,5 милијарди долари се наоѓа на 70 место на листата на најбогати личности во светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.