Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Смеа до солзи: Сашко Коцев ја маѓепса битолската публика со стендап-шоуто „Широк дијаФазон“

Смеа до солзи: Сашко Коцев ја маѓепса битолската публика со стендап-шоуто „Широк дијаФазон“

Македонскиот гениј за комедија одушеви во Битола. Сашко Коцев повеќе од два часа ги смееше присутните во салата на Центарот за култура која беше исполнета до последното место.

Шоуто „Широк дијаФазон“ беше инстантно распродадено, а сите кои си обезбедија билети беа наградени со енормна позитивна енергија, смеење до солзи и болка во вилицата и шеги на кои ќе се присетуваат со ентузијазам.

Машко-женските односи и ситуации од секојдневието беа отсликани со зборови низ призмата на Коцев, а на насмевките им немаше крај.

Насловот „Широк дијаФазон“ доаѓа од широката палета на теми обработени од македонскиот актер и комичар, а самото „Ф“ е инспирирано од многуте грешки на луѓето при изговорот на „дијапазон“.

Широк дијаФазон Широк дијаФазон

Пред почетокот на шоуто, на присутните им се обрати Маја Андоновска-Илијевски, која рече:

„Оваа година Центарот за култура одбележува 44 години постоење, а октомври месец е нашиот роденденски месец во којшто Центарот за култура започнал со работење. Во овие 44 години се запишуваме во историјата на нашата земја како водечки Центар за култура, којшто заедно со вас како публика и заедно со сите луѓе кои го воделе овој Центар, мислам дека направивме и покажавме како може да се сака еден град, како може да се работи за културата, а се разбира дека оваа преполна сала вечерва докажува дека таа тенденција ќе продолжи и понатаму“.

Широк дијаФазон Широк дијаФазон

Публиката го испрати Коцев со громогласни аплаузи, а поради огромниот интерес, перформансот ќе биде повторен во Битола на 24 октомври.

Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон Широк дијаФазон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 16%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 17979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.