Џенифер Лопез неодамна започна на својот YouTube канал да споделува видеа во кои зборува за приватниот живот.
Деновиве, 49-годишната ѕвезда сподели видео во кое нејзините две деца ѝ прават интервју. 11-годишните близнаци Еми и Макс ѝ поставуваат прашања на кои таа отворено и искрено им одговара.
„Како се чувствуваше кога дозна дека си бремена со близнаци? Дали се сеќаваш на твојата прва симпатија? Дали да бидеш мајка е поразлично отколку што очекуваше?“ – се дел од прашањата на љубипитните Еми и Макс.
Погледнете го слаткото интервју:
Еми и Макс се деца на Лопез со поранешниот сопруг Марк Антони.
