Синчето на Милош Биковиќ и Ивана Малиќ наполни шест месеци.
За да го одбележи овој ден, вереницата на српскиот актер сподели слатки фотографии со бебенцето, кое го носи името Василије.
На сите споделени фотографии досега, Ивана и Милош го кријат лицето на бебенцето, штитејќи ја неговата приватност. „Шест месеци љубов“ - напиша таа.
Пред неколку дена, Ивана го прослави својот роденден и доби изненадување од саканиот.
Биковиќ и Малиќ за првпат се појавија во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.