Лиам Стјуарт се заколна на вечна љубов.
Синот на легендарниот пејач Род Стјуарт стапи во брак со својата избраничка Никол Артуковиќ на церемонија во црквата Св. Игнатиј во Дубровник. На свадбената прослава присуствуваа голем број роднини и пријатели на парот, меѓу кои беа и нивниот едногодишен син Луи, Род и неговата сопруга Пени, Рејчел Хантер (мајката на Лиам), како и најголем дел од седумте браќа и сестри на Лиам.
Убавата невеста, која е родена во САД, но има хрватски корени, носеше прекрасна венчаница без прерамки.
Род сподели свадбена фотографија од неговото големо семејство и напиша:
„Неизмерно сум горд што сум сведок на убавата свадбена церемонија на мојот син Лиам и неговата невеста Никол. Нека продолжат да наоѓаат радост, љубов и смеа сè додека се живи и нека направат многу повеќе бебиња кои ќе му се придружат на нивното едногодишно синче Луи“.
Лиам и Никол се верија на 5 јули 2023 година.
ФОТО: Instagram