Кога во 2009г. Сиена Милер и Џад Лоу решија повторно да бидат заедно, сите предвидуваа дека нема да помине долго пред да ја крунисаат врската со брак. Но, Сиена и Џад не само што не застанаа пред олтарот, туку и повторно се разделија.
„Можам да потврдам дека Џад Лоу и Сиена Милер повеќе не се во врска“ – изјавил нивен претставник.
38-годишниот актер и 29-годишната актерка, модел и дизајнерка се запознаа во 2003г. на снимањето на филмот „Alfie“ и не помина долго време пред да ја објават својата свршувачка.
Во 2006-та Сиена ја раскина свршувачката откако стана јасно дека Џад ја изневерил со бебиситерката на неговите деца.
Џад има три деца од својот брак со Сејди Фрост, а во 2009-та, по кратка врска со Џад, манекенката Саманта Бурк ја роди нивната ќерка Софија.