Сиа е таинствена и на сцената, но особено е заштитнички настроена кога станува збор за приватниот живот.
Славната пејачка во интервју посветено на нејзиниот музички соработник Дипло сподели дека стана мајка откако посвои момче.

Коментирајќи дека многу ја привлекува Дипло, таа вели: „Голем дел од нашата врска се состои од обиди да немаме секс за да не ја уништиме нашата бизнис врска, затоа што тој е супер-дупер згоден. Годинава, му испратив порака и му реков ‘Еј, слушај, ти си еден од петте луѓе кои сексуално ме привлекуваат, но сега, откако одлучив да бидам сингл до крајот на животот и само што посвоив син, немам време за врска... Ако си заинтересиран за секс без обврски, побарај ме’“.

Пред неколку дена, 44-годишната ѕвезда објави нова песна. Станува збор за „Original“ од саундтракот на новиот филм „Dolittle“ со Роберт Дауни Џуниор.