Слободно може да се каже дека Серена Вилијамс со нетрпение го очекува доаѓањето на свет на нејзиното прво детенце. 35-годишната тенисерка со емотивна порака за нероденото бебе разнежни илјадници срца ширум светот.
Успешната спортистка на Instagram објави фотографија на која ѝ се гледа трудничкото стомаче и во описот напиша: „Мое драго бебе, ми ја даде силата која не знаев дека ја имам. Ме научи на вистинското значење на мирот и спокојството. Со нетрпение чекам да те запознам. Едвај чекам да застанеш на навивачките трибини следната година. Но најважно од сè, среќна сум што денес со тебе ја делам титулата број еден во светот. На роденденот на Алексис Оханијан. Од најстариот број еден во светот, до најмладиот број еден во светот – Твојата Мама“.
Интересно е да се знае дека Серена го освои трофејот на Отворено првенство на Австралија во тенис додека беше во првото тримесечје од бременоста.

Ова ќе биде прво дете на Вилијамс и 33-годишниот коосновач на Reddit Алексис Оханијан, кои се верија на крајот од минатата година. Тие ја потврдија својата врска пред јавноста во октомври 2015 година.
Деновиве, бремената спортистка беше фотографирана на плажа со саканиот.




