Серена Вилијамс самоуверено ја покажа својата фигура во најновото издание на „Sports Illustrated Swimsuit“.
35-годишната тенисерка позираше на егзотична плажа во модерни костими за капење. На неколку од фотографиите, успешната спортистка носи танга-бикини, за што низ насмевка искоментира: „Всушност никогаш немам носено танга-бикини... Тангата е совршена, навистина се чувствував комфорно. Официјално сум танга девојка сега.“



Иако честопати е критикувана заради крупната, мускулеста градба, Серена се издигнува над таквите коментари, потенцирајќи дека се гордее со себе. „Сакам луѓето да го прифатат фактот дека е ОК да се чувствуваш удобно во своето тело... ОК е да изгледаш силна и да бидеш секси и да бидеш жена. И да бидеш некршлива. И да бидеш сите тие нешта. Сакам да имам такво влијание на луѓето кои имаат тип на тело како моето“ – порачува таа.















