Моника Белучи е убавицата која ги краси страниците од новото издание на „Vanity Fair“ Италија. 52-годишната Италијанка зрачи со одмерен сексапил на фотографиите направени за популарното списание.
Во интервјуто за списанието, холивудската ѕвезда зборувала за природното стареење и своите две ќерки Дева и Леони.


„Ги прифаќам промените кои ги носи времето. Денес, верувам дека секоја возраст е уште еден начин да се пронајдеш себеси. Сметам дека тоа не го мислам само јас, туку и многу жени од мојата генерација. Ние сега се почитуваме себеси повеќе и сфаќаме дека можеме да бидеме убави и на 40, 50, 60 и 70 години. Погледнете околу себе, возраста повеќе не е пречка како што беше за нашите мајки или баби“ – рекла Моника во интервјуто.


На прашањето како се нејзините ќерки, Белучи изјавила: „Моите ќерки се здрави, одлични во училиште, космополитски, зборуваат пет јазици. Тие патуваат многу со мене, се навикнуваат да спијат во хотел или во различна куќа, без да се дестабилизираат на промените. Се надевам дека ќе можам да им ја дадам самодовербата која доаѓа одвнатре, чувството на љубов кое ти дава сила во животот“.







