Џенифер Лопез ја размрда публиката на ревијата на Ели Сааб во Ријад. На модното шоу, 55-годишната пејачка изгледаше сензационално во неколку атрактивни костими.
Настапот Лопез го започна со изведба на дел од „I Will Survive“, а потоа продолжи со неколку свои големи хитови како „Waiting for Tonight“, „On The Floor“ и „Let's Get Loud“.
Видео:
По завршувањето на настапот, Лопез се пресоблече во фустан со шлиц и отворено деколте.
Jennifer Lopez, Celine Dion, Halle Berry and Camila Cabello backstage at the Elie Saab show in Saudi Arabia. pic.twitter.com/4jJApfPbng
— Jennifer Lopez Updates (@JLopezUpdate) November 13, 2024