Елизабет Харли освојува со изгледот и на крајот од шестата деценија од животот.
58-годишната актерка со синот Демијан присуствуваше на настан на Мајорка посветен на германскиот бизнисмен Марсел Ремус. Елизабет изгледаше сензационално во црвена креација со висок шлиц и длабоко деколте.
Нејзиниот син носеше син костум.
Демијан е син на Елизабет од врската со бизнисменот Стив Бинг. Тој го одрече татковството тврдејќи дека имал кратка врска со актерката. ДНК тест потврди дека тој е таткото на детето.