Нил Патрик Харис несомнено го обожава Халовин. 44-годишниот актер, кој е познат и по улогата на легендарниот Барни Стинсон од серијата „How I Met Your Mother“, не пропушта да се маскира заедно со своето семејство за „Ноќта на вештерките“.
Нил со сопругот Дејвид Буртка и малите близначиња редовно имаат групна маска инспирирана од одреден култен филм.
Додека да видиме што ќе биде нивниот избор за оваа година, да се потсетиме на нивните костими од минатите години.
Петар Пан (2011)
Волшебникот од Оз (2012)
Алиса во земјата на чудата (2013)
Франкештајн, Човекот-волк, невестата на Франкештајн и Дракула (2013)
Бетмен (2014)
Војна на ѕвездите (2015)
Чарли Чаплин, Граучо Маркс, Мерилин Монро и Џејмс Дин (2016)
Нил и Дејвид стапија во брак во септември 2014 година. Близначињата Гидеон Скот и Харпер Грејс се родија во октомври 2010 година, благодарение на сурогат-мајка.