Брус Вилис е горд татко на пет ќерки, а како што тврди неговата сопруга, би сакал да има уште пет.
Семејното дружење на 63-годишниот актер со неговите ќерки и сопругата Ема во Дизниленд измами насмевки кај неговите фанови зашто се навиканати да го гледаат како мачо тип во акција, а не како разнежнет татко кој се вози на карузел.
Брус и Ема забавниот парк го посетија со нивните две ќерки (6-годишната Мејбел и 4-годишната Евелин), како и со трите негови ќерки од бракот со Деми Мур (Румер, Скаут и Талула).
Парот е во брак од 2009 година.