Селин Дион буквално блескаше на ревијата на Ели Сааб во Ријад. На спектакуларниот моден настан, 56-годишната пејачка настапи со неколку свои хитови, а беше дочекана со громогласен аплауз.
Врвната музичка ѕвезда извесен период се имаше повлечено од пеењето поради измачувачката борба со синдром на вкочанета личност. По паузата, таа направи камбек со настапот на Ајфеловата кула во Париз за отворањето на Летните олимписки игри.
На пистата во Саудиска Арабија, Дион пленеше во гламурозна креација со наметка од славниот либански дизајнер.
Дион настапи со „The Power Of Love“ и „I'm Alive’.
Видео:
На црвениот тепих на настанот „1001 Seasons“, Селин пристигна во впечатлива розова креација.