Мегапопуларната пејачка Селион Дион стана мајка на здрави машки близначиња. Со помош на царски рез таа вчера го родила првиот син во 11:11 часот, а вториот само една минута подоцна.
„Селин, Рене и нивниот син Рене-Чарлз се пресреќни“ – изјавил претставник на семејството за списанието People.
Бебињата се тешки 2,38 и 2,55 килограми и се потполно здрави, но во наредните неколку дена ќе останат во инкубатор затоа што се родени предвреме.
Селин изминатата недела покажала знаци на предвремено раѓање и по препорака на докторите била хоспитализирана. Датумот за породувањето ѝ бил закажан во ноември.
Инаку, машките близначиња се резултат на шестиот обид за ин-витро оплодување на Селин.
Селин Дион и нејзиниот сопруг Рене се родители и на 9-годишниот Рене-Чарлз, кој пресреќен ги посетил своите братчиња во болницата.