На Моника Белучи не ѝ требаат провокативни креации за да го истакне својот сексапил. Убавата Италијанка мамеше воздишки на хуманитарна вечера во Париз, каде се појави во фустан кој дискретно го разголуваше нејзиното рамо и грб.
Црната креација на холивудската актерка е дело на модната куќа Диор, додека за накитот е заслужен луксузниот бренд Картие.







Настанот „Sidaction“ цели да ја подигне свеста за сидата и собирање парични средства кои ќе помогнат во светската борба против тешката болест.










