Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сè уште ни ги исполнуваш срцата“: Селин Дион за покојниот сопруг на 30-годишнината од бракот

„Сè уште ни ги исполнуваш срцата“: Селин Дион за покојниот сопруг на 30-годишнината од бракот

Селин Дион со емоции се сеќава на својот сопруг Рене Анжелил, кој го изгуби во 2016 година поради рак.

На 30-годишнината од нивниот брак, 56-годишната пејачка објави фотографија од нивната свадба, заедно со порака:

„Ти сè уште ни ги исполнуваш срцата, секој ден. Ти ни си сè. Премногу ни недостигаш. Среќна 30-годишнина љубов моја“ – напиша Дион и ги додаде имињата на нивните тројца синови, Рене-Чарлс, Еди и Нелсон.

Селин Дион и Рене Селин Дион и Рене

Рене и Селин се запознаа на аудиција во 1980 година, кога таа имаше 12, а тој 38 години. Од тој момент, Рене ја зеде под своја закрила и стана нејзин менаџер.

Тие работеа заедно неколку години, а за првпат започнаа љубовна врска кога Селин имаше 19 години. Најпрво, ја криеле нивната романса од јавноста, но потоа се верија и се венчаа во 1994 година.

Селин Дион и Рене Селин Дион и Рене

По смртта на Рене, Селин им се посвети на нивните синови. За жал, неколку години подоцна таа започна да чувствува чудни симптоми, кои доведоа до нејзината дијагноза на синдром на вкочанета личност, со кој ќе се бори до крајот на животот.

Селин Дион и Рене Селин Дион и Рене Селин Дион и Рене Селин Дион и Рене

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20681 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.