Се сеќавате на серијата „Злобница“ (La Usurpadora)? Популарната теленовела пред околу две децении се емитуваше на малите екрани, а главните ликови ги глумеа актерите Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга.
Спаниќ имаше двојна улога и во серијата се појави како Паола и Паулина, две жени кои наликуваа една на друга и во одреден период си ги заменија своите животи.
Венецуелската актерка денес има 45 години и го одржува своето тело во фит форма, но нејзините фанови се разочарани поради промените на своето лице, кои се претпоставува дека се резултат на естетски корекции.
Спаниќ има 10-годишен син со актерот Мигел де Леон, од кого се разведе во 2002 година.
Во приватниот живот, Габриела има сестра близначка, која се вика Даниела.