Соланж Ноулс и Ален Фергусон стапија во брак. 28-годишната сестра на Бијонсе и
На свадбената церемонија Соланж и Ален пристигнале на бели велосипеди. Иако невестата влегла во бежов комбинезон со наметка од Стефан Ролан, подоцна се пресоблекла во минималистичка бела креација од Kenzo.
Почитувајќи го дрес кодот, сите присутни носеле бела облека. „Vogue“ ги објави и првите официјални фотографии од најважните гостинки. Од десната страна покрај Соланж стои Бијонсе, додека од левата – нивната мајка Тина.
„Сите со кои работев за свадбата ми се пријатели кои ги сакам. Сè беше плод на љубов“ – изјавила Соланж за „Vogue“.
Големото славење Соланж го напуштила порано поради непријатен кожен осип.
Ова е втор брак на Соланж, која има 10-годишен син со поранешниот сопруг Даниел Смит.