Роуз МекГован, позната по улогата на Пејџ во ТВ серијата „Charmed“ (Волшебнички), го отвори својот свадбен албум за списанието „People“.
40-годишната актерка и Дејви Дитејл стапија во брак изминатава сабота во Лос Анџелес. На свадбената церемонија присуствувале околу 60 гости.
Среќната невеста носела венчаница со француска чипка и А-линија од дизајнерката Моник Лулие и обувки од Џими Чу.
За празничната вечера гостите седеле на дрвени столови и маси на кои биле поставени винтиџ вазни.
Во бидермаерот била поставена мала рамка со фотографија од Роуз и нејзиниот покоен татко.
Венчалните прстени на парот биле невообичаени. Роуз на својата рака постави свршенички прстен со зелен камен и тенка бурма со помали зелени камења.