Арленис Соса и Дони МекГрет стапија во брак. 26-годишниот модел на Victoria’s Secret и популарниот кошаркар се заколнаа на вечна љубов во Доминиканската Република.
Згодната невеста привлекуваше погледи во елегантна венчаница со тантела од Рим Акра, додека младоженецот носеше одело од Том Форд.
















На свадбата присуствувале и повеќе славни колешки на Соса, меѓу кои и моделите Тони Гарн и Лаис Рибеиро.