Сандра Булок го прошири своето семејство. 51-годишната актерка посвои три и пол годишно девојче од дом за згрижување на деца.
Веста за посвојувањето Сандра ја објави во ексклузивно интервју за „People“, а сними и фотосесија со ќерката Лајла.

На фотографијата од корицата на списанието се гледа и 5-годишниот син на Сандра, Луис, кој таа го посвои во 2010 година.

