Иако во љубовта немаше многу среќа оваа година, Сандра Булок може да се пофали дека на професионален план никогаш не се справувала подобро.
Форбс ја состави овогодишната листа на најплатени актерки во Холивуд, а Сандра Булок убедливо се најде на првото место. Со остварена заработка од 56 милиони долари, главно од филмовите The Proposal и The Blind Side, таа ја освои титулата најплатена актерка.
Второто место на листата го делат две фантастични актерки – Рис Витерспун и Камерон Дијаз. Двете русокоси успеале да заработат по 32 милиони долари во периодот од јуни 2009 до јуни 2010г.
На четврто место се наоѓа Џенифер Анистон, која е една од омилените актерки на режисерите за романтични комедии. Во изминатиов период таа заработила 27 милиони долари.
„Сексот и градот“ ја постави Сара Џесика Паркер на петтото место на листата на Форбс со заработка од 25 милиони долари.
Топ 10 актерки со најголема заработувачка
- Сандра Булок — 56 мил. долари
- Рис Витерспун — 32 мил. долари
- Камерон Дијаз — 32 мил. долари
- Џенифер Анистон — 27 мил. долари
- Сара Џесика Паркер — 25 мил. долари
- Џулија Робертс — 20 мил. долари
- Анџелина Џоли — 20 мил. долари
- Дру Баримор — 15 мил. долари
- Мерил Стрип — 13 мил. долари
- Кристен Стјуарт — 12 мил. долари.