Салма Хајек ужива на луксузна јахта во Мексико.
56-годишната актерка носеше бикини кои ги истакнаа нејзините облини додека пливаше и се забавуваше со сопругот Франсоа Анри-Пинот. Таа позираше и за фотографии со пријателките кои ги придружуваа на јахтата.
Неодамна, во интервју, Салма цврсто застана против користењето ботокс и рече дека никогаш не го употребила на себе. Таа изјави дека најзаслужни за нејзиниот изглед се масажите и медитацијата.