Салма Хајек ја покани ќерка си да ја придружува на доделувањето на Оскарите.
Двете дами беа стилски координирани во црвени свечени фустани.
Популарната актерка ѝ остана верна на модната куќа Гучи со блескав фустан со реси, додека нејзината наследничка носеше покласична креација.
Во изминатиов период, Валентина сè почесто е дел од светските модни и шоу-бизнис манифестации. Таа е ќерка на Салма и милијардерот Франсоа-Анри Пино.