Ромео Бекам повеќе не крие дека започна нова љубовна романса.
22-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам беше „уловен“ од папараците додека се бакнуваше со новата девојка Греј Соренти.
Младиот пар беше пресретнат од фотографите во Њујорк.
Греј е ќерка на реномираниот фотограф Марио Соренти. Таа ги следи неговите стапки и веќе неколку години успешно се занимава со фотографија.
Ромео го пропушти лансирањето на брендот за сосови на неговиот брат Бруклин. Останатите членови на семејството беа присутни на настанот.
Ромео претходно беше во врска со Миа Реган, од која раздели на почетокот од оваа година по петгодишна врска.